Заев се пофали дека доби дрес

Премиерот Зоран Заев денес се сретна со кошаркарскиот репрезентативец Перо Антиќ и  се пофали дека од него доби подарок дрес од „Фенербахче“. Антиќ играше во овој клуб минатата сезона пред да ѝ се придружи на „Црвена звезда“.

„Кошарката во Македонија ќе оди напред. Му благодарам на Антиќ што препознава дека спортот им го враќаме на спортските работници и среќен сум што се создаваат можности тој да помогне во развојот на домашниот спорт. Му благодарам и за дресот од ’Фенербахче’, со кој тој и клубот ја освоија Евролигата“, стои во објавата на официјалната фан-страница на премиерот.

Scroll to Top