Заев три пати ја баци Меркел за добредојде

Германската канцеларка Ангела Маркел денеска е во Скопје. Неа пред Владата ја пречека премиерот Зоран Заев и како што е обичај кога се пречекуваат гости, ја баци три пати во образ. Во Германија, обичај е пријателите, роднините, познаниците да се бацуваат два пати.

Меркел, која е првпат во Скопје, предизвика огромно внимание во јавноста. Политичките аналитичари и пред доаѓањето на канеларката, коментираа дека од нејзината облека ќе зависи пораката што ќе ја испрати. Таа на средбата со Заев дојде облечена во зелено палто и црни панталони. Зелената е боја на стабилност и сигурност, велат психолозите и додаваат дека тоа е боја што им прилега на упорните, вредните и срдечни луѓе.

Ангела Меркел е канцелар на Германија од 2005 година. Таа е прв германски канцелар што дошол во Македонија, откако во 1999 година Герхард Шредер имаше куса посета на земјава заради кризата на Косово. Неа пред Владата ја пречекаа и министрите Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски.

Scroll to Top