„Златна бубамара“ за животно дело за октетот „Македонија“

Организаторите на „Златната бубамара на популарноста“ одлучија оваа година наградата за животно дело да ја добие октетот „Македонија“.

Формиран во 1976 година, октетот „Македонија“ во тоа време собра млади и талентирани музички професионалци, кои речиси 40 години одржуваат успешна музичка кариера. Октетот отпеа некои од најубавите песни во македонската фолк и староградска традиција. Тие имаат одлична кариера пеејќи госпел-музика, црнечки спиритуали и светски евергрини.

Вниманието го привлекоа со оригиналната и дотогаш некористена повеќегласна изведба на народната и староградска македонска песна, која ја практикуваа и во другите изведби. Кога пееле на Скадарлија низ Белград се коментирало „Доаѓаат Македонците“. Кога пееле на официјални дипломатски пригоди, странските гости мислеле дека слушаат снимка.

Scroll to Top