Зуица радосна оти ќе оди за Австралија

Фолк-пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова ќе замината на турнеја во Австралија. Со нив ќе патуваат и клавијатуристот Илија Тота и виолионистот Џевад Рамадановски од групата „Чардак“.

„На Наум му е доста од патувања, настапи и прошетки, па сега нека се одмори за да ги наполни батериите. Јас се радувам како дете! Особено затоа што на тие концерти ќе пееме и заедно, а тоа е тоа што публиката најмногу бара од нас“, вели Зуица за „Вечер“.

Таа додала дека нема да пропушти ни австралиски шопинг.

„Тамам, за нас за женскиот дел од семејството, со нови маички и фустанчиња, како за мене така и за ќерка ми, која неодамна го прослави својот 16. роденден, па ете уште една шанса да ја почестам!“

Scroll to Top