Џулија Робертс и Џенифер Анистон пак ќе глумат заедно

Џенифер Анистон и Џулија Робертс наскоро ќе се појават заедно во нова комедија. Ова ќе биде нивни трет заеднички проект, откако соработуваа во епизода од втората сезона на „Пријатели“, а во 2016 година глумеа во филмот „Денот на мајката“.

Нивниот нов филм сè уште нема наслов, но сценариото е готово, а режисер е Макс Барбаков.

Новиот филм доаѓа по успехот на последниот филм на Џулија со Џорџ Клуни, романтичната комедија „Билет за рајот“. Џенифер, пак, неодамна го заврши снимањето на акционата комедија „Мистериозно убиство 2″ со Адам Сендлер, кој треба да се појави на „Нетфликс“ на 31 март.

Scroll to Top