Најскапите трансфери во фудбалот

Фудбалските трансфери отсекогаш привлекувале внимание, и поради парите што ги добиваат фудбалерит, но и поради прашањето дали ќе ги исполнат очекувањата на клубот и навивачите. Овој зимски преоден рок најскап трансфер направи Енцо Фернандез, кој заработи 121 милион евра, што е за 101 милион помалку од најскапиот светски трансфер, кој го има Нејмар.

Светските медиуми ја објавија листата на десет најскапи трансфери во фудбалот.

1. Нејмар за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ

2. Килијан Мбапе за 180 милиони од Монако во ПСЖ

3. Усман Дембеле доби 140 милиони за трансферот од Дортмунд во Барселона

4. Фелипе Кутињо за 135 милиони евра од Ливерпул дојде во Барселона

5. Жоао Феликс заработи 127 милиони кога од Бенфика премина во Атлетико Мадрид

6. Енцо Фернандез доби 121 милион евра за трансферот од Бенфика во Челзи

7. Антоан Гризман премина од Атлетико Мадрид во Барселона за 120 милиони евра

8. Џек Грилиш за 117,5 милиони дојде од Астон Вила во Манчестер Сити

9. Кристијано Роналдо за 117 милиони премина од Реал Мадрид во Јувентус

10. Еден Азар за 115 милиони замина од Челзи во Реал Мадрид

Scroll to Top