Роналдо во 2023 година му се приклучи на саудискиот клуб Ал Наср, ќе заработува 200 милиони евра годишно

Португалскиот фудбалер и еден од најдобрите во светот, Кристијано Роналдо во 2023 година му се приклучи на клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср. Договорот ќе му трае до 2025 година, а ќе заработува по 200 милиони евра годишно. Португалецот ќе ја има најголемата плата во историјата на фудбалот.

Откако си замина од Манчестер Јунајтед, по контроверзното интервју во кое го критикуваше англискиот клуб, рече дека едвај чека да се проба во нова фудбалска лига во друга земја.

„Среќен сум што имам освоено сè што сакав да освојам во европскиот фудбал и сега чувствувам дека ова е вистинскиот момент да го споделам моето искуство во Азија“, изјави Роналдо на промоцијата во новиот клуб во Саудиска Арабија.

Ал Наср е деветкратен шампион во Саудиска Арабија.

Scroll to Top