Стево ѝ даде на Новак само да го погали Роки

Претседателот Стево Пендаровски ја дочека претседателката на Унгарија, Каталин Новак, со кабинетското куче Роки од расата шарпланинец. Иако се зборуваше дека претседателот ѝ подарил куче на унгарската претседателка Новак, тој негираше и рече дека само ѝ го покажал кучето да го види како редок вид раса, специфична за ова поднебје.

„Со ЕУ може да водиме преговори. Преговори да го дадеме Роки – не“, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателката на Унгарија.  На ова унгарската претседателка пак одговори  дека не го зема кучето со неа, туку дека само го погалила бидејќи дома има две кучиња, кои не би го прифатиле.

Пендаровски објави фотографии од кабинетскиот шарпланинец и рече : „Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот кабинет. Ви го претставувам симболот на нашата традиција, македонскиот шарпланинец, тримесечниот Рок“
Фото: Фејсбук
Scroll to Top