Велосипедистите го искачија Кајмакчалан во спомен на Калина, татко ѝ вели одека тоа била најтешката тура

Во сеќавање и спомен на Калина Велевска, 20 велосипедисти од цела Македонија се качија до врвот  Кајмакчалан, местото каде што загина малдата паланинарка. Нејзиниот татако со многу емоции  сподели дека на оваа тура, која е исклучително тешка, другарот на Калина Боби Арсовски го возел велосипедот што го имаше Калина.

„Во неделата, 25 септември, беше искачен врвот Кајмакчалан од македонска страна со велосипеди. Беа околу 20 велосипедисти од цела Македонија. Тешкиот терен за повеќето не беше пречка да се стигне до горе, на самиот врв. На турата Боби Арсовски го возеше велосипедот што го имаше Калина. Една од најтешките тури, како емотивно, ментално, така и физички. Тоа нè прави да бидеме јаки и издржливи во борбата со болката што секој од нас ја носи длабоко во себе. Но никогаш нема да се откажеме. Ќе продолжиме да возиме и да се сеќаваме на нашата Калина. Вечна ти слава девојче“, вели татко ѝ.

За потсетување, Калина Велевска загина во 2018 година искачувајќи се на врвот Кајмакчалан, заедно со Александар Миновски.

Scroll to Top