(Видео) Емотивна средба на првиот селектор со фудбалерите: Внуци мои, знаев дека ќе дојде генерација како вас

Македонската фудбалска репрезентација на стадионот „Тоше Проески“, вчера имаше средба со првиот селектор , Андон Дончевски. Тој им посака успех на  фудбалерите во квалификациите за ЕП 2024 година.

„Внуци мои, огроман почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавме, јас го почнав тешко. Меѓутоа знаев дека ќе дојде генерација како вас“, рече Дончевски.

Тој на подарок од македонските фудбалери доби дрес од македонската репрезентација со презимето Дончевски испишано на дресот.

Scroll to Top