(Видео) Килијан Мбапе му се извини на навивачот што го удри со топка пред натпреварот со Мароко

Фудбалерот на Франција Килијам Мбапе му се извини на навивачот кој го удри со топка пред полуфиналниот натпревар на Светско против Мароко. Напаѓачот на ПСЖ додека се загреваше го удри навивачот со топка и му нанесе повреди на лицето. Одма стигна до трибините каде ја прескокна заштитната ограда ис е извини. Од фановите доби убави коментари.

„Покажа дека има срце од злато. Тој е најдобриот спортист. Вистински џентлмен“, му напишаа тие, а имаше и такви кои сметаат дека веројатно се исплашил од тужба.

За потсетување, Франција го победи Мароко во полуфиналето на стадионот Ал Бајт во Катар и во недела ќе игра во финалето против Аргентина.

Scroll to Top