За „Авалон“, банката е виновна за нерефундираните влезници за откажаниот концерт на „Вајтснеjк“

Откако рок бендот “Вајтснеjк“ го откажа концертот во Скопје, кој требаше да се одржи на 12 јули, организаторите „Авалон“ продукција, најавија рефундација на парите за купени карти. Деновиве на социјалните мрежи почнаа да кружат објави дека Авалон, наводно уште не рефундирале пари за картите.

Од таму пак, велат, дека тоа не е вистна и дека од нивна страна се е завршено, ама се чека банката да ги префрли парите.

„Купив две карти за Вајтснејк. Турнејата се одложи, Авалон рекоа дека ќе ги рефундираат парите арно ама до сега нема ни трага ни глас. Гледам кај нив на ФБ луѓето коментираат исто. Телефоните не им работат, во порака не одговараат“, е една од поркатите кои стигнаа до редакцијата.

Редакција Репортер ги контарктираше „Авалон’ и од таму  велат дека  сите налози и средства се испратени до банката согласно процедурата за рефундирање.

„Од страна на Авалон Продукција, сите налози и средства се испратени до банката согласно процедурата за рефундирање на онлајн нарачки на 18ти јули.
Поради обемниот број на купени влезници/нарачки и скратениот капацитет на банката во период на годишни одмори, банката не успеа навремено да изврши рефундација на сите средства. Сите оние кои имаат купено онлајн влезници ќе ги добијат средствата во следните 5 – 7 работни дена, додека во сите продажни места низ Македонија е извршена целосна рефундација на сите оние кои имаат купено влезница на физичка локација“, ни рекоа од Авалон.

Концертот требеш да се одржи на 12 јули, но бендот ја откажаа европската турнеја, со тоа и концертот во Скопје, а причината беше заради здравствени причини.

А. Георгиев

Scroll to Top