Познатиот македонски пијанист Дино Имери на вечерва со концерт ќе ја прослави 10 годишнината од својата уметничка кариера. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонската Филхармонија со почеток во 20 часот. Специјални гости на концертот се Влатко Стефановски и Благој Нацоски. Билетите чинат 350 денари.