Идентитети е најновата премиера на Скопје танцовиот театар, создадена од кореографот Рисима Рисимкин и танчерите на Скопје танцовиот театар.
Во неа учествуваат професионалните танчери на Скопје танцовиот театар, стажантите од Катедрата за современ танц при УГД, стажанти од Швајцарија и Турција, како и млади уметници од Инкубатор програмата за култура.
Вечерва во Македонски народен театар со почеток во 20 часот.