На 17 февруари од 20 часот, 15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и Хрватска ќе ја претстават нивната заедничка музика пред македонската публика во МКЦ, на фестивалот OneBeat Balkans. Ова е програма за културна размена и за соработка на музичарите од регионот.

Во Кино Фросина заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска.