Оваа сабота (9 ноември) првпат во „Олд скул кафе“ гостува триото на извонредниот Оливер Јосифовски. Популарниот музичар на контрабас, го придружуваат Бојан Петков Шамба на гитара и Славчо Коцев на тапани.

„Самите музичари изјавуваат дека нашето место е единствено во градов каде публиката знае да го почитува џезот. Бидете дел од ова неповторливо искуство“, велат од „Олд скул кафе“.