Најновиот филм на Џенифер Лопез, романтичната комедија „Сега или никогаш“ оваа недела ќе ја има македонската премиера во киното „Синеплекс“. Во петок, на 21 декември, киното организира афтерворк забава и проекција од 17:30 часот.

„Сакаме да направиме лејдис најт, мало опуштање со добар филм за сите жени по напорната работна недела“, велат од киното.

Филмот ја раскажува приказната за животот на Маја (Џенифер Лопез) која се занимава со трговија, која потполно ги менува своите навики и начин на живот за да докаже дека титулата и дипломата не се пресудни ако сакаме да успееме во животот. Во филмот глумат и Венеса Хаџинс, Леа Ремини и Мајло Вантамиља.