На 13 декември во „Синеплекс“ ќе почне да се прикажува „Аквамен“ најновиот филм за еден од суперхероите на Ди-Си комикс. Аквамен ја раскажува приказната во која младиот Артур Кари дознава дека е престолонаследник на подводното царство на Атлантида и ќе мора да ги води своите луѓе и да стане херој на светот.

„Мајките ќе ги носат децата да го гледаат филмот заради Џејсон Мамоа“, пишуваат на социјалните медииуми.

Во главните улоги настапуваат Џејсон Маноа, Амбер Херд, Никол Кидман, Патрик Вилсон. Режисер е Патрик Ван.

Филмот во „Синеплекс“ ќе се прикажува еден ден пред премиерата во Велика Британија.