Во вторник (15 јануари) од 20 часот, во Македонската опера и балет ќе игра балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс. Балетот ја обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

Во главните улоги ќе настапат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, а играат и Саша Ефтимова, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго. Кореографијата за балетот ја направи Роналд Савковиќ (Хрватска).