За сите пријатели и фанови оркестарот на Џамбо Агушев вечерва од 20 часот ќе одржи бесплатен концерт во кино Фросина. Концертот во Скопје е последен од многуте оваа година, пред Џамбо да почне да работи на материјал за новиот албум. Албумот ќе биде готов напролет, а ќе биде промовиран на македонскиот, но и на светскиот пазар.

Во текот на оваа година, оркестарот одржа концерти во Полска, Франција, САД, Чешка, а Џамбо настапи на десетина концерти на македонски музичари во земјава. Ова е прв самостоен концерт на оркестарот оваа година во Македонија.