Триото „Интерарт“ ќе одржи концерт во рамки на фестивалот Есенски музички свечености. Ќе настапат Александар Стефановски на флејта, Емилија Ристевска Стефановска на флејта, Татјана Божиновска на пијано.

На програмата се дела од Кларк, Доплер, Фурстенау, Шостакович. Концертот во Музеј на град Скопје почнува во 20:00 часот.