Францускиот музичар Ману Чао вечерва ќе одржи бесплатен концерт во Младинскиот културен центар во Скопје. Како што информира „Пасворд продукција“, Ману Чао ќе има акустичен концерт, а ќе настапи само со својата гитара.

Фестивалот „Таксират“ го најави концертот вчера доцна навечер, на само 24 часа пред одржувањето. Летото во рамките на „Д фестивал“ во Дојран, Ману Чао одржа концерт-изненадување за публиката.

Концертот ќе почне во 20:30 часот.