Градот Скопје и Хокеј федерацијaта на Македонија почнаа да држат бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето на плоштад „Македонија“. Часовите ќе се одржуваат секојдневно во 11 часот претпладне и во 20 часот навечер. Бесплатните часови ќе бидат организирани за групи до 20 пријавени лица, а обуки ќе им држат обуки двајца професионални инструктори.

Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255.