Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Што бара во мојот живот!? Познато? Мириса на нешто лично? Мириса на нешто многу лично!

„Брачна игра“ на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Тешки прашања сѐ уште без одговори. Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка. Тоа е тоа! Весна и Игор како Џилијан и Џек!

Цената на билетот е 300 денари. Преставата вечерва (24 декември) почнува во 20 часот во МНТ.