Вечерва во театарот „Комедија“, од 19.30 часот ќе се игра театарската престава “Бракот е брак“ комедија работена според „Просидба” од Чехов, а во режија на Теа Беговска. Ова е претстава преку која можете да „ѕирнете“ зад кулисите на театарот и којашто на забавен начин ќе ви одговори на сите прашања што сте ги имале за театарот како институција и за начините на кои се подготвува една претстава.