Еден од најпопуларните балкански музичари, Горан Бреговиќ на 22 март во Вип арената „Борис Трајковски“ ќе го претстави својот проект „Три писма од Сараево“. На сцената во Скопје освен неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, ќе го придружува ицелиот состав на Македонската филхармонија.

Албумот „Три писма од Сараево“ е најпровадан етно албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, а Горан Бреговиќ за него доби можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава деценија.

На концертот Бреговиќ ќе ги изведе и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (03.12) преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk, а ќе чинат од 700 до 1.500 денари.