Познатиот музичар Том Одел е првото првото светско име што во 2019 година доаѓа во Скопје, објави „Авалон продукција“ . Шоуто на Том Одел е на 13 февруари, во СРЦ Кале. „Со задоволство одиме понатаму и ви го најавуваме извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната Another Love, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен Jubilee Road, што излегува на 12 октомври, и кој доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу“, велат од продукцијата.