Драмски театар во наредните неколку дена ќе одржи повеќе настани во чест и сеќавање на писателот и драматург Горан Стефановски, кој почина на 27 ноември.

На сцената на театарот во кој беа поставени некои од неговите најголеми ремек-дела, вечерва во 19 часот ќе има проекција на претставата „Диво месо“ од 1979 година, во режија на Слободан Унковски. Модератор на настанот е драматургот Александра Бошковска. Во понеделник во 19 часот, ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Унковски, а модератор е Мишел Павловски.

Влезот за проекциите е бесплатен.