На 25 април, три дена пред Велигден, актерот и стендап-комичар Сашо Тасевски ќе го промовира своето ново стендап-шоу „Да се скршиме од смеење додека не сме ги искршиле јајцата“. Тој ќе настапи во ресторанот „Амбрела“, прво место во Скопје каде што гостите ги служат лица со попреченост. Сашо во најавата вели дека смеењето е единствената бесплатна работа што го продолжува животот.

„Да не беше смешно, немаше да го играм“, додава тој.

Новото стендап-шоу глумецот го промовира неполн месец по претставата „Северно од Македонија“, која имаше голем успех кај публиката. Билетите за шоуто се веќе во продажба, а чинат 150 денари.