Мултимедијалниот фестивал ArtArea#2 ќе се одржи од 25 до 27 јануари (петок–недела), во кино Култура. Настанот вклучува саем на книгата, два џез концерти, две изложби (фотографија и илустрации), две проекции на документарни филмови, три книжевни промоции и музичко-поетски перформанс.

Фестивалот е замислен како зона на концентрирана култура. Програмата опфаќа повеќе настани од различни културни домени во текот на трите фестивалски денови, со што ги пресекува нивниот творечкиот простор и нивната публика.

Влезот на сите настани е слободен.