Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 април во Скопје ЗОО ќе се одржи голем детски маскенбал. Забавата ќе почне во 12 часот на пладне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени.

Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовната цена на влезница во Зоолошка градина Скопје.