Промоција на илустрираната книга „Девојчето на ридот“ е денес во Национална и универзитетска библиотека во Скопје, со почеток во 13 часот. „Донесете ги вашите деца кои ќе можат да се забавуваат со боење и читање! Купете ја нашата прва детска книга за возрасни и поканете ги пријателите кои треба да ја чујат оваа приказна. Ова е најдобар начин со време да ги подготвиме сите деца за свет со различности, за тие да пораснат и да станат освестени возрасни кои ќе креираат можности за лицата со Даунов синдром, не од жал, туку затоа што веруваат во нивните вештини, креативност и способности“, пшува на поканта за книгата “Девојчето на ридот“ .