Соул-џез-фанк концерт на Четкар во „Станица 26“ на 23 јануари. Првпат пред македонската публика популарниот-џез музичар ќе се претстави со десетчлен бенд! Со Четкар ќе свират Демир Кантуровски, Игор Величковски, Филип Стевановски, Гордан Спасовски, Ѓоле Максимовски, Ратко Даутовски и Виктор Филиповски, а придружните вокали првпат ќе ги пеат Сара Николовска и Ана Костадиновска.

Концертот почнува во 21:30 часот, а е во организација на „3 Гонга“.