Клубот Менада секој четврток до 2. мај го организира „Џез фестивалот на дуети“.

Вечерва од 20 часот ќе има проекција на Smith, James O. – Organist, USA, по што прво ќе настапат Гордан Спасовски и  Кирил Туфекчиевски, а по нив Зоран Павловски и пријателите.

На 25 април од 20 часот ќе се одржи проекција на Ornette: Made in America, па ќе настапат Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, а по нив Гоце Наумов и Антоние Весковски.

Во првиот четврток во јуни, вечерта ќе почне со проекција на Let’s Get Lost. За музичкиот дел од фестивалот ќе се погрижат Бојан Иванов и Бојан Жунгулов, а по нив ќе настапат Бојан Петков и Иво Солдатовиќ.