Љубителите на џез музиката овој петок во Old School ќе ги забавува триото на Сашо Поповски. Ова е нивни прв настап во популарното џез кафуле. Сашо Поповски е професор на џез академијата во Штип, на сцената е повеќе од 20 години во кои има издадено 3 џез албуми и неколку соло композиции. Во триото освен Поповски
членуваат Иван Бејков на бас и Виктор Филиповски на тапани.