Последните петок и сабота од месецот повторно во џез атмосфера, малку поп-рок звуци и мезе и пијалаци. Вечер (26.10), од 21:30 часот, поп-рок вечер со LADY BLUE или Елени Мицковска – вокал, Горјан Стојменовски – гитара, Стефан Сајковски – тапани, и Стефан Стојчев – бас; сабота (27.10), исто време, SHAMBA JAZZ TRIO со Бојан Петков – гитара, Оливер Јосифовски – бас, и Славчо Коцев – тапани.
Бидете во Бруклински.