Вечерва во ВИП арената „Борис Трајковски“ на иста сцена ќе се појават Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица. Концертот, што ќе почне во 20 часот, ќе трае повеќе од 4 часа, а српските фолк-пејачи ќе ги пеат своите најголеми хитови.

Влезниците за концертот се веќе во продажба, по цена од 400, 500 и 900 денари.

Организатор на концертот е „Балканска музичка продукција“.