Доделувањето на првата стрип награда „Лифт“ ќе се одржи вечерва во 20 часот во МКЦ. Ќе се организира и изложба на пристигнатите дела, а најдобрите десетина стрипа ќе бидат и испечатени во посебна публикација.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира нашите стрип автори и да го унапреди стрипот како медиум. Истовремено, организаторите сакаат да придонесат за развој на македонската културна сцена и да промовираат нови креативни актери, нови културни настани.

На конкурсот, во организација на издавачката куќа „Темплум“ пристигнале триесетина стрипови.