Другари и другарки, кафе-бар „Синдикат“ со забава што ќе почне во 21 часот ќе го одбележи Денот на Републиката, 29 ноември. Ова нема да биде час по историја, туку игранка на која персоналот ќе носи пионерски аутфит, ќе се слуша рокенрол, ќе се кажува пионерската заклетва.

„Забавата е загарантирана, чесен Титов пионерски збор“, велат организаторите.