Двојна премиера во „Синеплекс“: „Стакло“ со Брус Вилис и „Неспоиви“ со Никол Кидман.

Филмот „Стакло“ е продолжение на филмот „Нескршлив“, а Брус Вилис се враќа како Дејвид Дан. Во филмот глумат и Семјуел Л. Џексон како Илајџа Прајс, познат по својот псевдоним „Стакло“.

„Неспоиви“ е римејк на францускиот филм „Недопирливи“ од 2011 година. Во главните улоги се Кевин Харт, Никол Кидман и Брајан Кранстон.