Македонската опера и балет најавува две претстави на балетот „Лебедово езеро“, кој ќе се изведе на големата сцена на 30 октомври и 2 ноември со почеток во 20 часот.

„Ода за моќта на љубовта! Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.“

На 30 октомври настапуваат Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Васил Чичиjашвили и Игор Веланоски, а на 2 ноември настапуваат Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски и Игор Веланоски. Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ.