На репертоарот на Македонскиот народен театар вечерва е претставата „Еден месец на село“, работена по истоименото дело на Тургењев. Главните улоги ги играат Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Нино Леви, Никола Ристановски и други.

Билетите чинат 300 денари, а претставата почнува во 20 часот.