Фестивалот на Новиот германски филм почнува на 2 мај со комедијата „100 работи” во „Милениум“, а проекциите потоа, од 3 до 6 мај, продолжуваат во кино „Фросина“. „Жешко столче”, „Надвор од системот”, „Во време кога светлината згаснува”, „Исход на вистината”, „Стикс”, „Среќата е за слабаци”, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета”, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка” и „Помош, ги смалив родителите”, се дел од филмовите што ќе бидат прикажани.

Со поддршка на Германската амбасада, директорот на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“, Хајнц Херманс и филмската монтажерка од Берлин, Алета вон Фитингхоф ќе се сретнат со сите заинтересирани филмски работници во земјата. Тие ќе ги одржат и работилниците со студентите по филмска уметност. На отворањето на фестивалот, ќе се претстават на публиката, а обраќање ќе има и амбасадорот на CР Германија, Томас Герберих.