По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија од 4 до 28 февруари во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмскиот фестивал „Руска зима”. Организатор на оваа манифестација е амбасадата на Рускија во земјава.

На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Ана Каренина – приказната за Вронски“, а во следните денови ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови, меѓу кои и „Солартис“, „Андреј Рубљов“, „Сталкер“, „Шетајќи по улиците на Москва“, „Семејни врски“, „Ивановото детство“, „Моја мила и нежна ѕверка“.