Вечерва во рамки на филмскиот фестивал „Руска зима“, во Кинотека на Македонија може да го погледнете филмот „Семејни врски“ во режија на Никита Михалков.

Почетокот е во 18:00 часот.

Филмски фестивал „Руска зима“ е посветен на јубилејот 25 годишнината од воспостовувањето на дипломатски односи меѓу Русија и Македонија!

Резервацијата на билети е секој работен ден од 16:00 до 19:00ч. на билетарницата на Кинотеката на Македонија.