Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ под мотото „Фолклорот никогаш нема крај“, вечерва ќе одржи целовечерен концерт по повод 73 години од постоењето. Концертот во Дом на АРМ почнува во 20 часот.

Ансамблот е основан во 1945 година за да ги презентира фолклорните игри и песни од Македонија на уникатен артистичен начин. Во изминатите години постигна големи успеси и учествува на многу фестивали во земјата и странство.