Со мотото „Отруени граѓани, време е да се предадеме“, во преполната сала “Борис Трајковски” почна Златна бубамара на популарноста.

Водителот Сашко Коцев се пожали одма дека снемало карта. Вели дека имале проблем со распределбата на билетите. Едно место во салата останало празно оти едната карта отишла во Будимпешта.

„Дупка у публика сеа заради таа една карта. Не е лесно да пренесеш една карта во Будимпешта. Не се тоа 700.000 евра, па да ги спакуваш во шише и да ги пренесеш преку граница. Се распрашавме и дознавме дека картата е во Будимпешта“, рече Коцев.

Ова е 22 издание на Бубамара кое се одржува ноќва во салата Борис Трајковски. Традиционално , награди, смеење, музика…да се предадеме.

Редакција: Репортер