Повеќе од 7000 жени со врескање и овации го пречекаа Здравко Чолиќ во распродадената арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Балканската ѕвезда скромно и со насмевка им се заблагодари.

„Добровечер Скопје. И на сите што дојдовте од другите градови. Срцето ми е големо секогаш кога ќе дојдам кај вас” рече на почетокот и на прва ја освои публиката.

Концертот го почна со песната „Гори ватра“ додека во публиката паѓаа балони, а по неа се редеа „Продужи даље“, „Мјеркам те мјеркам“, „Чија је ово звјезда“, „Живиш у облацима мала“. Публиката не престануваше да игра и да ги пее безвременските хитови на Чолиќ.

По четири години ова е прв концерт на популарниот сарајлија во Скопје. Тој ќе настапи уште еднаш пред македонската публика на 17 ноември. Организатор на концертите на Здравко е „Прагма продукција”.

Андријана Јовановска
Фото: Д. Перковски