„Дедикејтид“, најновата модна колекција на дизајнерот Мите Занов за сезоната есен-зима 2018/19, е инспирирана од емоциите, вели младиот дизајнер. Моделите во кои доминираат тул и свила, куси фустани од тафта и екокожа и длабоки деколтиња ги нагласуваат женственоста и сексапилот.

Занов емоциите ги опишал преку силните бои, црвената, жолтата и портокаловата. Моделите се волуменозни, со специфичен крој и текстура. Во колекцијата доминираат свила, тул, тафта, но и волна, чоја и екокожа.