Традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20:00 часот во фоајето на Македонската опера и Балет.

Младите мандолинсти ќе настапат под диригентската палка на искусните и реномирани диригенти Рамадан и Ерхан Шукри.